Данчила: Мандатарот не може да одлучува за романскиот еврокомесар

Од:

Романската премиерка во заминување Виорика Данчила, синоќа на прес конференција изјави дека Лудовик Орбамн, кој од претседателот Клаус Јоханис е предложен за нов романски премиер, не може да донесува одлуки за еврокомесарот што Романија треба да го даде во новиот состав на Европската комисија во Брисел, пренесе Аџерпрес.

Данчила кажа дека претседателот Јоханис направил „голема грешка”, изјавувајќи во Брисел дека една сменета влада не може да дава предлози за еврокомесар, бидејќи нема да има никаква улога во идната Европска комисија, пренесе БТА.

Левичарската Влада на Виорика Данчила минатата недела беше сменета од власта со изгласување недоверба во романскиот Парламент, а претседателот Јоханис следниот ден за нов премиер го предложи лидерот на Национално-либералната партија, Лудовик Орбан. Јоханис беше лидер на либералите пред да биде избран за шеф на државата.

Јоханис вчера од Брисел, кадето учествуваше во работата на Европскиот совет, изјави дека не може да прифати една сменета влада да предлага еврокомесар.
В. д. премиерката Виорика Данчила синоќа веднаш реагираше, изјавувајќи дека „имаме предложен премиер, а не влада” и дека „предложен за премиер не може да донесува одлуки за романски еврокомесар“.

-Како што претседателот ги замени Франција со Финска, сметам дека, исто така, ги смени и в.д. премиерот со предлогот за премиер”, коментираше Данчила, споменувајќи го вчерашниот гаф на Јоханис во Брисел кога место за „финското претседателство со ЕУ” зборуваше за „француското”.

Претседателот, меѓутоа, брзо ја корегираше својата грешка, јави весникот „Гандул”.

Владата на Данчила ја предложи поранешната министерка за животна средина и европски фондови, Рована Плумб, за нов еврокомесар за транспорт, но предлогот беше отфрлен во Европскиот парламент. Потоа владеачката Социјалдемократска партија го предложи поранешниот министер за внатрешни работи и комуникации, Дан Ника, но се појавија информации дека тој предлог бил отфрлен од новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Стапувањето на должност на новата Европска комисија е одложено заради отфрлените кандидатури за еврокомесари од Романија, Унгарија и Франција.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски