Дан: Романија поминува низ тежок период

Од:

Градоначалникот на Букурешт, Никосор Дан, независен кандидат на претседателските избори што се одржуваат денес во Романија, изјави дека гласал „со реализам“ во време кога Романија поминува низ тежок период, пренесува „Агерпрес“.

„Гласав за надеж и за нов почеток за Романија – земја која има способни луѓе и тука, во дијаспората и во Република Молдавија, луѓе способни да ја направат оваа земја она што заслужува да биде“, рече тој пред гласачкото место.

Тој исто така рече дека не може да се очекува дека оние што ја доведоа земјата во криза на 12 мај, ќе бидат и оние што ќе ја извлечат од кризата.

„И гласав за правда и за кандидатот кој може да донесе правда во Романија“, нагласи Дан, заблагодарувајќи им се на Романците во дијаспората кои гласаа во голем број и охрабрувајќи ги сонародниците кои сè уште не гласале да го сторат тоа.

Би можело да ве интересира

Поранешниот романски претседател Јон Илиеску почина денес на 95-годишна возраст

(ВИДЕО) Бранови од три метри превртеа брод во Дунав – четворица загинати

А1он

(ВИДЕО) Поплавите во Романија одзедоа три животи

А1он

Мајка и татко загинаа спасувајќи го деветмесечното бебе од водите на Дунав

А1он

Двајца загинати во авионска несреќа во Романија

Ѓорѓеску одлучи: Се повлекувам од политиката

Горан Наумовски