Дали навистина националното прашање ги предизвика настаните во Донбас?

Од:

На 24 август Украина ќе ја одбележи 23-та годишнина од прогласувањето на својата независност. Ќе ја одбележува во време на најголемите тестирања на нејзината способност за самостојно постоење, строга проверка на единството на својот народ.

Украина е мултинационална и мултиконфесионална држава. Сепак има сили, што сакаат таа разновидност да ја претворат во пеколна смеса.

Од североистокот доаѓа силен пропагандистички напад, поткрепен со непомалку моќното оружје, со цел да го разедини украинското општество, да го раздели на „изолирани национални станови“, а потоа да владее, вешто користејќи ги меѓунационалните противречности.

Неговата острица е насочена пред се против двата најголеми етноси – украинскиот и рускиот.

– Се добива впечаток дека целта на т.н. антитерористичка операција се состои во тоа да се срамни со земја југоистокот на Украина, со цел сите Руси да заминат оттаму и за потоа таму да се населат со оние кои поинаку ќе се однесуваат кон историјата и културата, пријателството и многувековните врски на нашите народи, истакна пред новинарите министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

И начинот на размислувањето на Русија не се промени.

Токму така дејствуваше Јосип Сталин, кога ги преселуваше руските селани, прво во украинските села, кои изумреа по поморот од глад, а потоа на Крим, „ослободен“ од Татарите.

Значи во Донбас има етничко чистење?

– Да, потврдува Владимир Путин. – Пред Русија речиси поставуваат ултиматуми: или дозволете ни дел од ова население, и етнички, и културно и историски блиско на Русија, да го уништиме или ќе ви воведеме таму некои си санкции, рече тој, отворајќи го на 23 јули заседанието на Советот за национална безбедност и одбрана на Руската Федерација.

Така, борбата против сепаратизмот и тероризмот Русија упорно ја претвора во меѓуетнички конфликт.

До „руската пролет“ и „Новата Русија“, во Украина не се говореше за односите меѓу Украинците и Русите како за меѓу две етнички групи.

Уште еднаш истакнувам дека во тој контекст немаше и сега кога во Донбас се случуваат трагични настани, нема ништо.

А што беше во „мирно време“ во Украина? Дали владееше слога во односите меѓу Украинците и Русите? Дали се обезбедува правата на националните малцинства?

Можам кратко да одговорам: „да“. Дали имаше проблеми? Да. Се работи за употребата на рускиот јазик како втор службен јазик, прашање кое беше вештачки надуено од политичарите поради сопствена изборна корист.

Потоа тоа и даде „основа“ на руската страна да говори за гонењето на сонародниците во Украина и да ја разнишува внатрешно-политичката ситуација.

За да се разбере реалната ситуација предлагам да се спореди почитувањето на правата на Украинците во Русија и на правата на Русите во Украина. Податоците  за состојбата се од почетокот на 2014 година.

Бројот на Украинците во Русија изнесува 1,93 милиони или 1,4 отсто од населението (според неофицијалните податоци околу 10 милиони.)

Во Украина живеат 8,33 милиони Руси или 17,3 отсто од населението.

Во Русија има 10 општообразовни училишта со факултативно изучување на украинскиот јазик и украински предмети. Општообразовни училишта со настава на украински јазик нема.

Во Украина има 1,256 општообразовни училишта со настава на руски јазик, во кои учат 694.331 ученици.

Украински студии се изучуваат на 11 високообразовни установи на Руската Федерација. Студирање на украински јазик нема.

На руски јазик во Украина студираат 214.325 студенти. Подготовка за експерти по руски јазик и литература се реализира во 31 високообразовна установа.

Во Русија се издаваат седум весници на украински јазик и прилози кон изданијата коишто се печатат за сметка на локалните органи на власта и украинските организации на Руската Федерација.

Финансиска поддршка за обезбедување на информативните потреби на украинската заедница на федерално ниво нема.

Во Украина се издаваат 1.176 весници на руски јазик.

Во Русија има една радио емисија на украински јазик.

Од пет до 74 отсто од вкупниот обем на радиотелевизиски емисии во Украина, зависно од регионот, отпаѓа на телевизиски и радио програми на руски јазик.

Во Русија има повеќе од 100 општествени укрански организации. Сепак, според решението на Врховниот суд на Руската Федерација укинати се два општоруски украински организации.

Во Украина има 103 руски општествени организации.

Во Украина работаат 90 руски театри и театарски студија и уште 25 театри во кои се играат претстави и на украински и на руски јазик.

Во Русија нема ниту еден украински професионален театар.

Според резултатите од мониторинг на состојбата на обезбедувањето на образовните права на етничките Украинци во Руската Федерација и етничките Руси во Украина, спроведен во март и април 2009 година, Канцеларијата на високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства истакна дека можностите за обезбедување во Украина на културно-јазичните проблеми на руското национално малцинство во целост значително ги надминуваат можностите кои вообичаено им се даваат на националните малцинства на другите држави-членки на ОБСЕ.

Од 1 јануари 2006 година во Украина стапи во сила Европската повелба за регионални јазици или јазици на националните малцинства.

Во Русија таа се уште не е ратификувана.

Автор: Н.Е. Амбасадорот на Украина во Република Македонија, Јуриј Гончарук

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми