Црвен аларм: Рекордни температури – над 40 степени измерени во Шпанија

Од:

Во делови на Шпанија вчера се измерени рекордни температури за мај, над 40 целзиусови степени, соопшти државната метеоролошка агенција АЕМЕТ.

Агенцијата издаде предупредување за високи температури во 10 региони, јавува Би-Би-Си.

Највисоката температура во мај, 40 степени целзиусови, е измерена во петокот во градот Хаен на југот на Шпанија.

Климатските промени предизвикуваат топлотните бранови да станат почести и поинтензивни.

Невообичаено топлото време во мај во Шпанија е резултат на топол воздух кој доаѓа од Северна Африка, што доведува до температури кои се за 15 степени повисоки од просекот за овој период од годината.

Најпогодени региони се Андалузија на југ, Екстремадура на југоисток, Мадрид и Кастиља Ла Манча во централниот дел и Арагон во североисточна Шпанија.

Температурите беа невообичаено високи во текот на ноќта и над 25 степени во повеќе области.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени