Цивилна одбрана во Газа: 8.000 луѓе се водат за исчезнати, десетици илјади се раселени

Од:

Повеќе од 8.000 Палестинци во Газа се исчезнати и се верува дека се затрупани под урнати згради, а десетици илјади луѓе се раселени низ енклавата, изјави Махмуд Басал, портпарол на Цивилната одбрана на Газа.

Басал нагласи дека на Цивилната одбрана и е потребна клучна опрема, вклучително и 18 противпожарни возила, за да им помогне на луѓето затрупани под урнатините и дека спасувачката организација не добила доволно гориво, што нарушило 70 отсто од нејзините оперативни способности, објави Ал Џезира.

Портпаролот додаде дека израелските сили ја бомбардирале инфраструктурата и опремата на цивилната одбрана, што влијаело на способноста за ефикасно дејствување, а во Газа биле уапсени пет припадници на Цивилната одбрана.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас