Четири лица загинаа денеска при судар на два мали авиони близу унгарскиот град Годоло, на 30 километри источно од Будимпешта.
Инцидентот се случи за време на последниот ден на еден минтинг на скокови со падобрани, кога авион, кој се враќал во базата од како сите падобранци успешно скокнале од него, се судрил со друго летало во кое имало три лица.
Според порттпаролот на унгарските воздухопловни власти, Ерика Бајко, сударот се случил околу 600 метри височина.
При несреќата загинале пилотот на едниот авион и трите лица што се наоѓале во другото летало.
Причините за сударот засега не се познати.