Четириесет и девет лица загинаа во судирите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во источноукринската Доњецка област, соопшти денеска прес-службата на регионалната управа.
– Од почетокот на масовните сидири во регионот на 13 март, вклучуваќи го и периодот на криминалната насилна операција во Доњецката област загинаа 49 лица, се вели во соопштението.
Во соопштението се додава дека 245 лица со рани здобиени од огнено оружје се хоспитализирани.