Четири тинејџери повредени од застарена граната

Од:

Четири тинејџери беа повредени кога застарена граната од Втората светска војна експлодираше во рускиот град Волгоград, соопшти полицијата.

„Според првичните извештаи, четири тинејџери беа повредени во близина на село Сиротинскаја кај Волгоград. Двајца од нив се во критична состојба”, изјави портпаролката на полицијата Светлана Смољанинова.

Според неа, тинејџерите ја пронашле гранатата и почнале да си играат со неа и таа се активирала.

Во Волгоград, поранешен Сталинград, се водеа најголемите битки во Втората светска војна. Каде што има голем број на застарена муниција.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот покажуваат дека сакаат војната да продолжи