Четири последователни земјотреси крај Камчатка со интензитет меѓу 4,9 и 6,2 степени

Од:

Серија од четири силни земјотреси беше регистрирана утринава на Командорските острови во Алевтскиот регион на Камчатка, во рускиот Далечен исток, пренесе ТАСС.

Локалната филијала на Геофизичкиот служба на Руската академија на науките соопшти дека земјотресите биле со јачина меѓу 4,9 и 6,2.

Епицентарот на првите три од нив бил на 197 километри од Командорските Острови и на 20 километри под морското дно. Последниот земјотресот бил на 170 километри од островот Беринг на Командорскиот архипелаг на длабочина 21 километри.

Жртви и разурнувања нема, и не е прогласена и закана од цунами.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба