Романија либера – Букурешт
Оние четири милиони Романци кои заминале да работата надвор од границите на земјата претставуваат огромен човечки ресуср кој не би требало да биде занемарен од властите. Веќе има општини во Романија кои се посериозно размислуваат како да ги вратат тие луѓе дома.
Во контекст на се поострата криза за работна рака, општинските администрации кои имаат јасна стратегија за враќање на Романците кои заминале во странство, ќе ја извлечат добитната карта.
– Дијаспората е најголемото богатство на Романија во моментов. Не можете да го базирате развојот на државата на приказни и да го игнорирате основниот ресусрс, смета Мариус Бостан, претприемач и иницијатор на проектот РеПатриот кој е основан од Асоцијацијата на бизнис лидери во Романија.
– Има близу четири милиони Романци кои заминале во странство. Нешто сериозно е згрешено во Романија, за да бидеме на второ место, зад Сирија. Преживуваме вистинска драма, рече од своја страна Феликс Патрашкану, основач на компанијата ФАН куриер и исто учесник во проектот РеПатриот. Тој се жали дека бизнисот во Романија има реален проблем да најде работна рака. „Имам 15 проекти, но имам сериозен проблем со работната сила, најмногу во западниот дел од земјата“.
Дури и да останат во државата во која емигрирале, тие луѓе се најважните амбасадори за Романија.
– РеПатриот ќе вклучи романци од дијаспората да им помагаат на романски фирми да се интернационализираат и да привлекуваат странски инвестиции на локалниот пазар. Романците во дијаспората со искуство во бизнисот се најдобриот катализатор за привлекување на нови странски инвестиции. Во заедницата на РеПатриот веќе имаме истории за успехот на романци во странство кои инвестираат во родната земја и кои им препорачуваат на странски фирми да го преместта своето производство во Романија. Овие истории може да се мултиплицираат, вели консултантот и претприемач Клаудиу Вранчану.
Туристички амбасадори на Романија
Мариус Бостану прави едноставна анализа: ако половината од тие четири милиони романски емигранти натераат барем двајца туристи од државите каде емигрирале да дојдат во Романија, бројот на странски туристи ќе нарасне на над четири милиони. Ако секој од нив потроши по 200-300 евра, тоа значи над една милијарда евра за Романија. „Романците во странство може да бидат најдобриот канал за туристичка комуникација, но е важно тие да имаат доверба во Романија, да си ја сакаат родната земја, додава Мариус Бостан.
Освен тоа, ако тие четири милиони Романци најдат 10,000 претприемачи кои би започнале бизнис во Романија, тоа може да го зголеми БДП на земјата за најмалку 1,5 проценти. Зоните со зголемен потенцијал за развој се туризмот, високите технологии, индустриското производство. „Романија има место за уште 10,000 бизниси. Има потреба од кураж, таленти и пари“, додава Мариус Бостан. Освен тоа, да не заборавама и на огромната моќ на дијаспората која испратила во земјата во 2000-та година над 60 милијарди евра, пари кои учествуваа во создавањето на економскиот развој.
Седум од 10 емигранти би се вратиле
Околу 70 проценти од романските емигранти би сакале да се вратат дома, според едно истражување на РеПатриот. Се поголемите внатрешни тензии во државите каде тие емигрирале, би биле најпозитивниот контекст за нивно обратно привлекување во Романија. Италија, на пример, каде има најмногу романци, се соочува со се поголеми економски проблеми, а платите таму почнаа а се намалуваат. Шофер во Рим заработува до 1,100 евра, додека во ФАН курур плата е 800-900 евра, тврди Феликс Патрашкану, основачот на курирската компанија.
Но нивен најголем проблем е всушност незадоволството од бирократијата, корупцијата и непредвидливоста на даночната рамка – а најмногу во незадоволството од локалната администрација и политичката класа. Затоа локалните администрации треба да ги им се обратат на сите кои заминале, да се поврзат со нив, периодично да ги информираат за цените на имотите, можностите за бизнис, јавните инвестиции, сметаат од РеПатриот.
– Имотите во Романија се се уште доста евтини, има потенцијал за лозарство како во Франција, како за белото вино, така и за црвеното, тврди Лучан Њакшу, кој успешно инвестира во лозарскиот бизнис. Веќе има општини кои започнале комуникациски кампањи за привлекување на дијаспората. Тука предводат градовите Алба Јулија, Орадја, Цучава, Јаш и Решица.
Катастрофа: Се наоѓаме зад Сирија според пораст на емиграцијата
Според податоци во последниот извештај на ОН за меѓународната емиграција меѓу 2000 и 2015 година, меѓу државите со најголем годишен пораст на населението во дијаспората е Сирија (13,1 проценти), Романија (7,3 проценти), Полска (5,1 проценти), и Индија (4,5 проценти). Ако населението на Сирија бега заради страв од војната, кај Романија станува збор за економска миграција, за потрага по подобар живот.
Анализа за десетте најважни меѓународни коридори за миграција за периодот 2000-2010 година покажува дека Романија зазема шесто место по маршрута за Италија со нето годишна миграција од скоро 100,000 Романци кои годишно заминуваат во наведениот период, и седмо место за Шпанија со околу 90,000 романци годишно. За жал, нештата не завршуваат тука. Политичката несигурност, но и се уште огромната разлика со западните држави, тера околу 80,000 романци да ја напуштаат земјата годишно, што е колку еден средно голем град. Според официјални пдоатоци, во моментов Романија има три три големи заедници во странство – во Италија (1,3 милиони души), Шпанија (1,17 милиони) и Велика Британија, каде се околу неколку стотини илјади.