Чавушоглу: Украинските мини го блокираат пловењето по Црно Море

Од:

Пловечки мини што ги постави Украина во Црно Море се една од најголемите пречки за транспорт на жито од Одеса, предупреди денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во интервју за агенција Анадолија шефот на турската дипломатија потврди дека „мините поставени од Украина во регионот Одеса се една од пречките за безбеден транспорт на житни култури“.

-Друга причина се санкциите за руските бродови, нивното осигурување, како и неможноста да се опслужуваат во меѓународните пристаништа, рече министерот, истакнувајќи дека има сериозни нерешени прашања меѓу Москва и Киев во овој контекст.

„Украина не сака руски бродови да влезат во Одеса, додека Русија не сака други бродови да го користат овој коридор за испорака на оружје за Украина. Двете страни бараат доверба и гаранции“, рече Чавушоглу, потсетувајќи дека Украина вети дека ќе го исчисти морето од мини за „една или две недели“ за повторно да ги направи испораките безбедни.

Турскиот министер за надворешни работи посочи и дека е неопходно да се создаде механизам меѓу Русија и Украина за да се реши овој проблем. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера во телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател предложи механизмот да се воспостави во рамките на ОН, да биде стациониран во Истанбул, а дека неговата земја е подготвена да учествува во него.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Чавушоглу: Турција е попозитивна за влезот на Финска во НАТО

А1он

Чавушоглу: Турција нема да дозволи Грција да ги прошири своите територијални води во Егејското Море

А1он

Чавушоглу: Неопходен е нов процес на проширување на ЕУ

А1он

Чавушоглу: Руските барања мора да бидат исполнети за житото да стигне таму каде е потребно

А1он

Чавушоглу: Анкара е за укинување на правото на вето во Советот за безбедност на Обединети нации

А1он

Чавушоглу: Ерменија да престане да го провоцира Азербејџан

А1он