Чавушоглу: Барањата на Русија мора да се исполнат

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека барањата на Русија мора да се исполнат за житото да стигне до оние на кои им е потребно.

Коментирајќи го денеска постигнатиот договор за продолжување на испораката на жито преку Црното Море, Чавушоглу појасни дека барањата на Русија мора да се исполнат за да се обезбеди пристап до храна за оние на кои им е потребна, јави Анадолија.

„Турција не ја брани Русија, но е свесна дека ова е договор во кој мора да се исполнат барањата на Русија за житото да стигне до оние на кои им е потребно“, рече Чавушоглу на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Чавушоглу: Има членки на НАТО кои не сакаат да заврши војната во Украина

А1он

Чавушоглу: Турција силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија

А1он

Чавушоглу понуди помош од Турција за намалување на тензиите меѓу Србија и Косово