ЦЕРН и го укина статусот на набљудувач на Русија

Од:

Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) денеска соопшти дека го суспендира статусот на набљудувач на Русија и оти ја прекинува секоја нова соработка со Русија или нејзините институции до понатамошно известување.

Според соопштението на ЦЕРН, 23 земји-членки, сите европски земји и Израел ја осудија руската воена операција во Украина.

Украина е една од седумте придружни земји-членки, а Русија, како и САД, Јапонија и Европската унија, имаат статус на набљудувачи.

Советот на ЦЕРН донесе одлуки за Русија на состанокот за ситуацијата во Украина и изрази поддршка за „многу членови на руската научна заедница на ЦЕРН кои ја осудуваат инвазијата“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот