Централна и Источна Европа и Украина: Опасности и поука

Од:

Украинската криза последните месеци се претвори во главен дестабилизирачки фактор за целиот регион на Централна и Источна Европа. Неспособноста на ЕУ да спроведува ефикасна политика во украинскиот правец и конструктивно да соработува по даденото прашање со Русија, ги принудува државите од регионот самостојно да ги обезбедуваат своите интереси – истакна нашиот коментатот Петар Искендеров.

Основниот регионален механизам на земјите на Централна и Источна Европа во последните 25 години останува Вишеградската група во состав на Унгарија, Полска, Чешка и Словачка. Направена со цел за поддршка на европските интеграции, дадената четворка располага со сериозен потенцијал во поглед на регулирање на регионални конфликти.

Не чуди што токму оваа асоцијација презема на себе одговорност за спроведување на реформите во Украина, кои треба да ја намалат острината на кризата.

На состанокот одржан кон средина на декември членовите на Вишеградската група решија да ги поделат меѓу себе т.н. сфери на реформи. Полска за спроведување на децентрализација во Украина, реформи во локалната самоуправа и зголемување на ефикасноста во управувањето на јавните финансии. Чешка во свера на граѓанското општество, образованието и функционирањето на украинските медиуми, Унгарија во подобрување на економската политика и развој на малиот и среден бизнис. Земајќи го предвид искуството кое го имаат во соодветните свери во земјите на Централна и Источна Европа, оваа соработка може да помогне на Украина, се разбира, ако таа биде ослободена од политички шпекулации. Да ја земеме истата таа Чешка. Оваа земја според нивото на надворешноекономските врски има важно место во ЕУ – во разговорот за Росија севодња, истакна директорот на Одделението за истражување на земјите при Европскиот Институт РАН, Владислав Белов. Притоа тоа не се однесува само на Украина туку и на Русија:

Чешка надминува многу земји членки на ЕУ според надворешнотрговскиот промет, меѓу другото со Русија. Чешка пред се извезува машини и опрема. Во тоа се состои потенцијалот на надворешноекономската соработка.

Украинските власти преку претседателот Петар Порошенко од своја страна ги повикаа учесниците на Вишеградската група да не одат уште подалеку и да придонесат за трансформација на оваа асоцијација, со формат на четири земји кон формат на пет земји, со учество на Украина.

Сепак во актуелните услови нешто слично делува малку веројатно, земајќи ја предвид длабочината на кризата во Украина и противречноста на ставовите на ЕУ.

Еден од важните апспекти на украинската криза за земјите на Централна и Источна Европа останува енергетиката. Украина не може да си дозволи да се откаже од реверсните испораки од земјите од регионот, меѓу другото од Полска и Словачка, при тоа обемот на овие испораки силно расте. Во текот на декември неколку пати беа надминати рекордните на увозот на гас во Украина преку Словачка. Растат и месечните обеми. Ако во септември во 2014 година Украина увезуваше од Словачка околу 779 милиони кубни метри гас, во октомври тој број изнесуваше 809,3 милиони кубни метри, во ноември 884,4 милиони кубни метри.

Сепак, слична пракса се заканува за сериозни ризици по самитот во Словачка, принудена всушност да праќа гас во Украина кој го купува од Русија. Во септември 2014 година унгарскиот оператор на системот за транспорт на гас на компанијата ФГЗС ги прекина испораките на гас во Украина на неодредено време, објаснувајќи го тоа со растот на интерната потрошувачка.

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми