Центарот на Доњецк првпат гаѓан со артилерија

Од:

Артилериски гранати утринава првпат паднаа врз цели сосема блиску до центарот на Доњецк, главното утврдување на проруските сепаратисти во источна Украина, соопштија британските медиуми.

Луѓето побегнаа од своите канцеларии кон столбовите на главната административна зграда во Доњецк, откако моќните експлозии одекнаа во непосредна близина на зградата, по што беше наредена евакуација.

– Неколку минути подоцна следеа најмалку уште две експлозии во центарот на градот, слушна и виде дописникот на Ројтерс од лице место.

Според француските медиуми, меѓу оштетените згради е и Политехничкиот универзитет, каде е ранет еден професор, и зградата на Регионалното обвинителство, окупирано од чиновници на самопрогласената „Доњецка Народна Република“.

Француски новинари пред Трговскиот центар во центарот на градот виделе две неексплодирани гранати. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми