Во последните 24 часа само во долна Баварија, како последица на бурата Аксел, се случиле 170 сообраќајнни несреќи, јави дописникот на МИА од Берлин.
Како резултат на бурата, која донесе силен ветер и снег, едно лице го загуби животот, а полесно или потешко се повредени десетина други.
Германските власти за денеска најавија подобри временски услови и поголема безбедност на патиштата, но апелираат на внимателно возење.