При напад на бунтовниците во градот Алиндау во Централноафриканската Република загинаа седум луѓе, изјави портпаролот на мировните сили на Обединети нации во земјата.
– Припадниците на Централноафриканските мировни единици (УПЦ), една од главните вооружени бунтовнички групи извршија неколку истовремени напади врз контролни пунктови и кампови на вооружените сили на Централна Африка во Алиндау, изјави портпаролот на мировните сили на ОН, Абдулазиз Фал.
Тој не наведе повеќе детали за нападот.