Бунтовниците извршија досега најжесток напад врз аеродромот во Луганск

Од:

Проруските бунтовници во Украина, кои се борат против властите во Киев, спроведоа најжесток досега напад на меѓународниот аеродром во Луганск, во источниот дел на земјата.

Нападот почнал синоќа, непосредно по инаугурацијата на новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко, а продолжен е изутринава.

Аеродромот, што подолго време е затворен за летови, е едно од ретките места во областа што не е под контрола на сепаратистите.

– Бунтовниците се обидуваат да ја уништат зградата што го контролира снабдувањето со електрична енергија на аеродромот, изјави по телефон припадник на украинските сили задолжен за безбедност на аеродромот.

Проруските сепаратисти во мај прогласија независност на „Луганската народна република“, речиси истовремено со соседната „Доњецка народна република“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми