Бунт во затвор во Тајланд поради коронавирусот

Од:

Затвореници денеска ја запалија кантината на еден затвор во североисточен Тајланд, а неколкумина избегаа за време на немирите предизвикани од гласините за епидемијата на коронавирусот, изјави висок функционер од Министерството за правда на земјата.

Според локалните медиуми, над затворот во провинцијата Бурирам, во кој се сместени околу 2.000 затвореници, се забележува голем облак од чад.

Тајландските медиуми пренесуваат и дека пет лица се повредени.

Претставник на затворот изјави дека полицијата морала да употреби сила, откако повеќе од стотина затвореници почнале протест.

„Мала група затвореници претходно оваа недела добија доживотна казна затвор, по што пуштија гласини дека објектот не е безбеден поради вирусот Ковид-19“, изјавил претставникот на затворот.

Министерството за здравство претходно соопшти дека двајца затвореници во една установа се заразени со коронавирус.

Владата на Тајланд ги забрани посетите во затворите од 18 март за да се спречи ширењето на вирусот.

Би можело да ве интересира

Папата го поддржа апелот на Гутереш за примирје ширум светот за време на пандемијата

А1он

Италијанскиот спорт ќе добие помош од 400 милиони евра

А1он

Заразените со Ковид-19 од северно Косово се лекуваат во Србија

А1он

Циципас: Изолацијата тешко ми паѓа, осамен сум и губам разум

А1он

Во Албанија нови 15 случаи со Ковид-19, вкупно заразени 212 лица

А1он

Состојба со Ковид-19 во светот, регистрирани се 672.086 новозаразени , починати се 31.191 а оздравеле 143.870 лица

Ана Василевска