Бројот на жртвите од земјотресот во Јапонија достигна 180, 120 лица се водат како исчезнати

Од:

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што на Нова година ја погоди префектурата Ишикава и околните области во централна Јапонија достигна 180, а 120 лица се уште се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти.

Подоцна во текот на денот локалната полиција со околу 100 луѓе ќе започне опсежна операција за пребарување во урнатините на опожарениот пазар во Ваџима, каде што избувна голем пожар по земјотресот со јачина од 7,6 степени, пренесува Kyodo.

На пазарот во Ваџима, во пожарот што избувна на 1 јануари, уништени се околу 200 згради, соопшти локалната општинска администрација и пожарникарите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Земјата се стресе со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди северниот дел на Јапонија

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови