Бројот на жртвите при уривањето на петкатна станбена зграда вчераутро во индиската финансиска престолнина Мумбај достигна 37 лица, пренесува ДПА.
Спасувачите досега извадиле 33 лица, затрупани под урнатините, изјавија властите. Во спасувачката акција учествуваат стотина луѓе.
Надежите за преживеани се засилија вчера, откако мало девојче беше извадено живо од под урнатините, речиси 12 часа по почетокот на спасувачката акција во која учествуваат стотици работници со чекани, лопати и тешка механзиација.
– Уште тела на загинати беа извадени од под урнатините, а некои од повредените починаа во болница, така бројот на жртвите достигна 37 лица, изјави раководителот на службата за справување со катастрофи, Алок Авасти.
Авасти изјави, дека според податоците со кои располагаат властите, под урнатитение се наоѓаат уште 23 жители на зградата.
Телевизијата Си-Ен-Ен-Ај-Би-Ен објави, дека полицијата уапсила инженер по реакација на општинските власти, дека извршил незаконски промени на приземјето на урнатата зграда.
Ова е трет случај во последните шест месеци на уривање на згради во Мумбај, како резултат на незаконско или наквалитетно градење. Во април загинаа 72 лица, а во јуни уште 10, од кои половината беа деца, потсетуваат американскикте медиуми.