Бројот на жртви во уривањето на мостот во Индија се зголеми на 141

Од:

Бројот на загинати лица при уривањето на мостот во Гуџарат во Индија се зголеми на 141, соопшти денеска локален функционер.

Пешачкиот мост на реката Мачу во градот Морби беше полн со посетители кога се урна во текот на вчерашниот ден. Над 400 луѓе беа на и околу мостот за време на несреќата.

Персоналот на вооружените сили заедно со националните тимови за справување со катастрофи и итни случаи од блиските области, се во потрага по исчезнати лица и помагаат во операциите за спасување.

Мостот долг 230 метри е изграден за време на британското владеење во 19-ти век. Поради реновирање, тој беше затворен шест месеци, а неодамна повторно се отвори за јавноста.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени