Министерството за здравство предводено од Хамас соопшти дека бројот на загинати во Газа од почетокот на војната се искачил на 10.569. Тоа е зголемување за 241 од вкупно 10.328 пријавени смртни случаи вчера. Од нив 4.324 се деца, соопшти Министерството, а повредени се уште 26.457 лица.
Последните податоци покажуваат дека повеќе од 700.000 луѓе се раселени во Газа од 7 октомври, кога борците на Хамас започнаа голем упад во Израел, што предизвика тешка и безмилосна одмазда.
Израел инсистираше на тоа дека прави се што е можно за да се осигура безбедноста на цивилите во Газа – отворање хуманитарни коридори и фрлање летоци со кои се повикуваат луѓето, особено на северот, да се евакуираат.