Во последните 24 часа од пограничните украински градови во Русија пристигнаa уште илјада луѓе, изјави портпаролот на руското Министерство за вонредни ситуации Александарт Добришевски.
Тој наведе дека вкупниот број на бегалци од Украина се искачи на 42.400 луѓе, од кои речиси 15.000 деца. Бегалците се распоредени во 585 привремени прифатни центри во Русија.
Најголем број бегалци се сместени во Ростовската Област, која граничи со Русија, како и на полуостровот Крим, од каде украинските бегалци се испраќаат во другите делови на Русија.