Британската премиерка доби зелено светло за напад во Сирија

Од:

Откако британската влада ѝ даде зелено светло на премиерката Тереза Меј за евентуален напад во Сирија, таа телефонски разговарала со американскиот претседател, Доналд Трамп. Тие се согласиле дека моментно најважно е да се одврати сириската влада од употреба на хемиско оружје, пренесува Ројтерс. Трамп и Меј, исто така, се согласиле да продолжат со блиска соработка во врска со меѓународниот одговор на наводната употреба на хемиско оружје во Сирија.

Разговорот меѓу Трамп и Меј доаѓа по двочасовната седница на британскиот парламент на која Меј доби зелено светло да им се придружи на САД и на Франција во планирањето на воен напад како одговор на наводниот хемиски напад во Дума. Владата, меѓутоа, не дала никакво навестување за времето или обемот на каква било акција.

Состанок за евентуален напад одржа и Трамп со својот тим, но од Белата куќа беше соопштено дека немало никаков заклучок, односно дека не е донесена конечна одука. Во соопштението беше наведено дека САД сè уште ги анализира податоците.

Трамп вчера на Твитер напиша дека до ракетен напад во Сирија може да дојде, а може и да не дојде. И светските медиуми го сменија тонот и вестите за извесна, како што многумина ја нарекоа Трета светска војна, ги ублажија со поумерени анализи.

Но, состојбата може повторно да ескалира откако денеска американската телевизиска мрежа МСНБЦ објави дека претставници на американските власти добиле примероци од урината и крвта на повредените во наводниот хемиски напад во Дума, кои покажуваат дека тие се позитивни на хлорин и друг нервен агенс што ги потврдува обвинувањата на сметка на режимот на Башар ал Асад дека во тој град е употребено хемиско оружје. Асад ги негира обвинувањата, а и Русија соопшти дека на тлото во Дума не се пронајдени траги од хемиски супстанци.

Во Дума сè уште не е извшена независна меѓународна истрага.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија