Британија: Полицијата потврди дека човечките останки најдени во куфери во Бристол се на двајца мажи

Од:

Човечки останки пронајдени во куфери во Бристол припаѓаат на двајца мажи, кои се уште не се идентификувани, соопшти денеска полицијата.

Откако вчера беа пронајдени посмртните останки, истрагата и потрагата по осомничениот ја презеде Скотланд Јард, пренесува Sky News. Полицијата соопшти дека осомничениот маж, чии слики биле објавени, дошол од Лондон во Бристол, а злосторството се случило во западниот дел на британската престолнина.

Во средата вечерта, полициски службеници добиле пријави дека маж со куфер се однесува сомнително на мостот. За 10 минути безбедносните сили пристигнале на местото на настанот, но осомничениот веќе побегнал, оставајќи го куферот во близина. Набрзо потоа е пронајден вториот куфер, а кај двајцата се пронајдени останки на двајца мажи, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Маслаха: Затворскиот персонал во Англија ги малтретира муслиманите

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија

Банда од шест лица украла роба вредна 150.000 евра од супермаркет во Англија

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон