Британија издвојува 245 милиони фунти за помош на украинската армија

Од:

Велика Британија ќе одвои 245 милиони фунти за помош на вооружените сили на Украина, за набавка на муниција и ревитализација на синџирот за снабдување со гранати, соопшти денеска британската влада.

Најавено е и потпишување на серија договори во вредност од милион фунти, меѓу агенцијата за набавка на оружје на британското Министерство за одбрана и компанијата „Кук дифенс системс“ за набавка на стотина резервни делови од пруги за поправка на украински тенкови и други оклопни возила.

Министерот за одбрана на Велика Британија, Грант Шепс, во четвртокот во Парламентот ја потврди испораката на дополнителни 200 противтенковски ракети „Brimstone AFU“, со што вкупниот број на испорачани проектили од овој тип во Украина се зголеми на повеќе од 1.300.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ни требаат пари, конфликтот мора да заврши оваа есен

Во близина на зградата на украинскиот парламент во Киев се пронајдени останки од соборен руски дрон

Зеленски: Андриј Сибих ќе биде нов шеф на дипломатијата

Нов руски напад во Киев, одекнуваат експлозии

Хиперсонична ракета падна врз центарот на Лавов, има загинати

Кулеба поднесе оставка

Горан Наумовски