Бен Стимсон беше затворен во Велика Британија затоа што се бореше на страната на проруските сепаратисти, но сега повторно им се придружи.
Англичанецот кој беше во затвор во Велика Британија поради што војуваше на страната на Русија против Украина, по ослободувањето се врати во военото жариште.
Бен Стимсон, од Олдам, заедно со Ајден Минис од Вилтшир, сега се верува дека се во регионот на Донбас, кој е под контрола на руските и проруските сили.
Таткото на Стимонс изјави за Би-Би-Си дека е „згрозен“ од постапките на неговиот син и дека го прекинал контактот со него.
Стимсон претходно беше затворен во Велика Британија во 2015 година за приклучување кон проруските сепаратисти во источна Украина.
Таткото на Стимсон изјави дека изгубил контакт со својот син.
„Секој човек избира пат во животот, многу од нас странските доброволци решивме да застанеме на руската страна“, објави Бен Стимсон на YouTube.
Би-Би-Си разговараше со таткото на Стимсон, Мартин, кој рече дека ги прекинал сите контакти со својот син и дека бил „згрозен“ кога слушнал дека се бори на страната на Русија.
„Немам контрола над него, тој е 48-годишен маж“, додаде тој.
Минис, од Чипенхем, претходно беше затворен за напад и беше поврзан со екстремно десничарскиот Национален фронт.
Се верува дека двајцата мажи се првите британски државјани кои се борат на страната на Русија од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Филип Инграм, поранешен висок британски воен разузнавач, изјави за Би-Би-Си дека одлуката да се бори за Русија е „потпишување на сопствената смртна казна“.
Инграм рече дека руското воено раководство ги користи сопствените трупи како „топовско месо“ во офанзивните бранови против украинската одбрана.
Портпаролот на Канцеларијата за надворешни работи, Комонвелт и развој (ФЦДО) рече: „Извештаите за британски државјани кои учествуваат во руската илегалната инвазија се шокантни и нивните дејства се за осуда“.
„Оние кои патуваат од Обединетото Кралство во конфликтните зони за да се вклучат во нелегални активности треба да очекуваат да бидат под истрага кога ќе се вратат во земјата.