Борел од идната недела ќе престојува во Латинска Америка

Од:

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, идната недела ќе посети неколку држави во Латинска Америка, и ќе претседава со состанокот меѓу ЕУ и Заедницата на Латиноамерикански и Карипски Држави (СЕЛАК), јави дописничката на МИА од Брисел.

Шефот на ЕУ дипломатијата од понеделник ќе престојува прво во Уругвај, потоа во Аргентина во вторник, каде ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на Заедницата на латиноамерикански и карипски држави (позната под акронимот СЕЛАК) заедно со ЕУ, која ќе ја застапува Жозеп Борел.

За Борел ова е прилика да се зајакнат билатералните и регионалните односи со овој дел од светот.

Земјите од Латинска Америка во голема мера се воздржаа од санкции против Русија, иако ја осудија инвазијата во Украина.

Првиот дипломат на ЕУ ќе оствари средби со претседателот на Уругвај, Луис Лакаље, како и со министерот за надворешни работи, Франциско Бустиљо. Во Аргентина ќе има исто така средба со МНР Сантиаго Кафиеро и претседателот Алберто Фернандез.

Средбата со државите од СЕЛАК ќе се одржи на 27 октомври, а претходниот ден Борел ќе земе учество на министерската средба на економскиот комитет за Латинска Америка и Карибите на Обединетите Нации, каде ќе има прилика да се сретне со повеќе министри од регионот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Захарова: Изјавата на Борел за убиството на заробените украински војници е дезинформација

Борел: Европската Унија и испрати на Украина 650.000 гранати

Горан Наумовски

Борел го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село, се закани со санкции од ЕУ

Борел: Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува кон ЕУ

Катерина Ѓуровски