Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска по разговорот со шефот на израелската дипломатија Ели Коен изјави дека е неопходно да се заштитат цивилите и да се избегнат цивилни жртви.
„Денеска разговарав со Ели Коен за да ја изразам посветеноста на Европската унија за безбедноста на Израел, како и поддршката за напорите за ослободување на заложниците. Ја истакнав потребата да се заштитат цивилите, да се избегнат цивилни жртви и да се подобри пристапот до хуманитарна помош“ соопшти Борел.