Борел: На ЕУ и се потребни силни заеднички вооружени сили

Од:

Европската унија има потреба од сопствени вооружени сили за да ја осигура нејзината безбедност, изјави министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

„Новото безбедносно опкружување покажува дека ЕУ мора да преземе поголема одговорност за својата безбедност. Затоа ни е потребна модерна и интероперативна европска армија“, објави Борел на својот блог.

Според него, ЕУ треба да работи во три главни насоки за реализација на тоа – прво, членките на Унијата да работат на зајакнување на борбената готовност на силите; второ, квалитативно и квантитативно да се зголемат постоечките капацитети во следните пет години и трето – да се развијат клучни заеднички капацитети во подолг временски период.

„Време е да се подобри европската одбрана. Треба да ја зајакнеме европската одбранбена индустрија и да бидеме оперативни со потребните воени капацитети. Да ја зголемиме воената способност за одбрана, да го зајакнеме НАТО и подобро да ги поддржуваме нашите партнери“, нагласи Борел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Захарова: Изјавата на Борел за убиството на заробените украински војници е дезинформација

Борел: Европската Унија и испрати на Украина 650.000 гранати

Горан Наумовски

Борел го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село, се закани со санкции од ЕУ

Борел: Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува кон ЕУ

Катерина Ѓуровски