Борбата ќе продолжи, наспроти повикот на Порошенко, изјави лидерот на бунтовниците во Источна Украина

Од:

Претставникот на бунтовниците во „Народна Република Доњецк“, која прогласи независност од Украина и сака да се приклучи кон Русија, изјави дека борбата ќе продолжи, наспроти повикот на украинскиот претседател Петро Порошенко да го остават оружјето.

– Тие всушност сакаат еднострано разоружување и наше предавање. Тоа нема да се случи. Се додека украинската војска е на наша територија сметам дека Порошенко само сака ние да му се покориме, изјави Фјодор Березин.

Порошенко по денешната инаугурација за претседател на Украина ги повика бунтовниците да го положат оружјето, нудејќи мирен дијалог и имунитет од кривично гонење.

Украинските сили ја зајакнаа операцијата против проруските буновници во Источна Украина, по претседателските избори на 25 мај, на кои победи Петро Порошенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми