Експлозијата пред Амбасадата на САД во Анкара во која загинаа две лица, е самоубиствен напад, изјави Аладаин Јуксел, гувернер на Анкара.
Експлозијата се случила најверојатно во одделот за визи, на влезот во Амабсадата.
Локални медиуми јавуваат дека загинатите се лица од обезбедувањето на дипломатското претставништво. Во нападот повредени се неколку други лица.