Болниците во Газа за два дена ќе останат без гориво

Од:

Здравствените работници во Газа предупредуваат дека илјадници би можеле да умрат бидејќи болниците преполни со ранети че останат без гориво и без основни залихи. Според проценките на ОН, се очекува во рок од два дена болниците да останат без гориво за генераторите.

Во болницата Насер, во јужниот град Кан Јунис, собите за интензивна нега се полни со ранети пациенти, од кои повеќето се деца помлади од три години. Стотици луѓе со сериозни повреди од експлозијата пристигнаа во болница, каде што се очекува горивото да истече до понеделник, според консултантот д-р Мохамед Кандил.

Ако горивото снема, „тоа значи дека целиот здравствен систем ќе биде исклучен“, рече тој. „Се работи за уште една катастрофа, уште едно воено злосторство, историска трагедија“, додаде тој. „Сите овие пациенти се во опасност доколку снема струја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел со проектили ја погоди главната болница во Газа

ВИДЕО: Хамас објави видео од израелскиот заложник што го држи во Газа 551 ден

Левица: Албанските партии пет месеци ја блокираат Декларацијата за признавање на Палестина

ВИДЕО: Трамп повторно зборува за Газа како „неверојатно вреден недвижен имот“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски