Голем број земји-членки на НАТО не ги исполнуваат своите ветувања за побрза испорака на системи за противвоздушна одбрана и друга опрема за Украина, иако потврдија дека тоа ќе го сторат на самитот на Алијансата во Вашингтон минатиот месец, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори.
Агенцијата вели дека ова вклучува испраќање на најмалку шест дополнителни системи за воздушна одбрана со долг дострел во Киев.
САД, Германија и Романија ветија дека ќе испратат по еден систем Патриот, Италија вети дека ќе го испрати системот земја-воздух САМП-Т, а на Украина требаше да и биде доставен систем за противвоздушна одбрана составен од компоненти од различни земји.