ВИДЕО: Блумберг го искористи „коронавирусот“ во неговата изборна кампања

Од:

Кандидатот за претседател на САД и милијардер, Мајк Блумберг во емисјата „Обраќање до нацијата“ го искористи себепромовирањето на начин што го привлече вниманието кај граѓаните потенцирајќи ја алармантната ситуација на можната пандемија.

Тој зборуваше за смртоносниот коронавирусот и лидерството кое им е потребно на американците, истакнувајќи дека тој може да се справи со вирусот и да ги заштити граѓаните.

Во видео обраќањето, Блумберг се наоѓа во просторија која наликува на овалната соба во Белата куќа и зборува од позиција како иден претседател на државата.

Неговото триминутно обраќање беше проследено во најгледаниот период од страна на националните телевизии во САД, „Ен-Би-Си“ како и „Си-Би-Ес“.

Блумберг ќе се соочи со финалните резултати од гласањето во 14 сојузни држави во рамките на Демократската партија овој вторник.

Би можело да ве интересира

Во штабот на Трамп сметаат дека излезноста ќе одлучува за исходот од изборите

Американските разузнавачки агенции работат на сузбивање на руското и иранското мешање во изборите

Рафенспергер: „Неверојатните“ закани, кои накратко го попречија гласањето на две избирачки места, потекнуваат од Русија.

Трамп: Ако изборите бидат фер, подготвен сум да кажам дека сум поразен

Горан Наумовски

Трамп нема предвреме да прогласи победа

Трамп: Слушам добри вести