Бизарна казна во Индија: соблекле жена и ја терале гола да шета низ село

Од:

„Див“ суд составен од стари луѓе во индиските села осудил една жена на понижувачка казна – таа била насила соблечена, а потоа ја натерале да оди гола низ селото, по казна поради однесување кое нејзините соселани го оцениле како неморално.

Имено, жената пред шест месеци го оставила мажот и побегнала од нејзиното село заедно со љубовникот. Но, неодамна таа се вратила кај својот сопруг, а тој ја примил назад во куќата. Сепак, тоа не било доволно да ја остават намира и нејзините соселани, кои го свикале нелегалниот суд на старци да ја одреди казната.

Според извештаите на локалните медиуми, 35-годишната жена била насила извлечена од домот и тепана, а селаните ја прашувале каде била во изминатите шест месеци. Потоа тие ѝ ја искинале облеката и ја натерале да помине гола низ селото.

Бизарниот инцидент бил и сниман и објавен на социјалните мрежи.

Според извештаите на локалните медиуми, жената-жртва на варварската казна била толку шокирана, што побегнала и никој не знаел каде е неколку дена.

На крајот интервенирала полицијата за да ја заштити жената, а според властите, таа е во шок и се наоѓа под постојан лекарски надзор.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени