Берлин и Париз го повикаа Порошенко да покаже воздражаност во воениот конфликт

Од:

Официјалeн Берлин и Париз денеска го повикаа украинскиот претседател Петро Порошенко да покаже воздржаност во воениот конфликт во момент кога украинските сили се наоѓаат на само неколку десетици километри од бастионот на бунтовниците Доњецк.

Во телефонски разговор што траел околу 40 минути францускиот претседател Франсоа Оланд и германскиот канцелар Ангела Меркел ја „поддржале намерата на Порошенко да ја покаже неопходната воздржаност во воениот одговор за да ги спаси животите на цивилите“, се посочува во коминикето на Елисејската палата.

Меркел и Оланд, исто така, нагласиле колку е „важно брзо да се дојде до политичко решение, темелено на двостраниот прекин на огнот, примената на механизмот за набљудување на границата со учество на ОБСЕ и ослободувањето на сите заложници“.

Во следните денови се очекува двајцата европски лидери да стапат во „контакт“ со рускиот претседател Владимир Путин, од кого ќе побараат да изврши притисок врз сепаратистите и да ги натера да преговараат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми