Белоруски министер тврди дека нема штрајк во државната телевизија

Од:

Белорускиот министер за информации Игор Луцки изјави денеска дека државната телевизија на Белорусија работи нормално.

Изјавата ја даде по информациите дека белоруската државна телевизија се приклучила на генералниот штрајк организиран за поддршка на демонстрантите.

„Телевизијата функционира нормално. Досега не добив информации за штрајк во Белоруската телевизија. Програмата се емитува, но колку што знам, има одредени проблеми”, нагласува тој.

Во исто време, вработените во компанијата „Белтелерадио“ тврдат дека во тек е штрајк и дека телевизијата Белорусија-1 во моментот емитува стари програми.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Подобро диктатура како во Белорусија, отколку демократија како во Украина

Лукашенко: Десет системи „Орешник“ ќе бидат распоредени во Белорусија

Пожар во трговски центар во Белорусија, најмалку 12 лица завршија во болница

Горан Наумовски

Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства

Горан Наумовски

Лукашенко: Нема да има бездомници и паразити

Минск собори два руски беспилотни летала над територијата на Белорусија