Белгискиот премиер за ситуацијата во Газа: Европа треба да води, а не да следи

Од:

Белгискиот премиер Александaр Де Кро денеска ја пофали нацрт-резолуцијата поднесена од САД до Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа, но истакна дека Европејците не треба да следат, туку да водат во овој поглед.

Де Кро по пристигнувањето на самитот на Европскиот совет изјави дека ситуацијата во Појасот Газа е драматична, каде, како што нагласи, луѓето се на работ на гладување и се обидуваат да се прехранат јадејќи трева.

„Европа треба да води, а не да следи. Време е да бидеме јасни и да побараме итен прекин на огнот, да бараме ослободување на заложниците и да се стави се на вистинскиот пат за преговори за решение за две држави. Она што САД вчера го презентираа пред ООН за безбедност Советот како предлог за резолуција е добар пример, но Европејците не треба да следат, тие треба да водат во овој домен. Време е конечно да престане насилството и да престане убивањето на невини цивили“, рече Де Кро.

Би можело да ве интересира

Де Кро од Тирана: Русија се обидува да влијае не само на регионот, туку и на ЕУ

А1он

Белгискиот премиер: Европа ја очекуваат пет до десет тешки зими

А1он