Бела куќа: Трамп отворен за средба со Путин и Зеленски во Турција

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп е отворен за поканата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да одржи трилатерални мировни преговори во Турција со руските и украинските лидери, објави денес Белата куќа.

„Претседателот рече дека е отворен за тоа, но ако дојде до тоа, тој сака двајцата лидери и двете страни да седнат заедно на преговарачка маса“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, според „Гардијан“.

Ердоган претходно денес изјави дека Турција ќе преземе чекори за организирање средба меѓу претседателите на Русија и Украина – Владимир Путин и Володимир Зеленски, во Анкара или Истанбул, додавајќи дека ќе го покани и американскиот претседател на состанокот.

По денешната рунда преговори во Истанбул, шефот на украинската делегација, министерот за одбрана Рустем Умеров, изјави дека Киев верува дека сите клучни прашања во преговорите за потенцијално примирје со Русија можат да се решат на ниво на лидерите на земјите и дека предлага таква средба да се одржи до крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Маск до Трамп: Без мене ќе ги изгубеше изборите

А1он

Трамп им забрани во САД влез на граѓани од 12 земји

А1он

Трамп: Путин си игра со оган

А1он

Пристигна одговорот на Европската Унија на заканата од Трамп за царини

Предраг Петровиќ

Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“

А1он

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за завршување на војната

А1он