Башар ал-Асад: Сирија во состојба на војна

Од:

Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека неговата земја е во „воена состојба”, по повеќе од една година откога започна бунтот против неговото владеење.

Пред членовите на новиот владин кабинет, кои само што положија свечена заклетва, тој уште еднаш го гарантираше спроведувањето на новите реформи, ја предупреди опозицијата да не оди премногу далеку и порача дека сите напори треба да бидат насочени кон воспоставувањето на мирот во земјата.

Само неколку часа пред неговата изјава, активистите водеа жестоки борби со владините сили во предградието на главниот град Дамаск, најлоши досега.

Новите судири беа во услови на зголемените тензии со соседна Турција по соборувањето на воен авион.

Тој ги искритикува западните земји кои ја бараат неговата оставка, велејќи дека Сирија сака да одржува добри односи со сите, но не може во никој случај да отстапи од своите интереси.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад