Башар ал Асад ќе прави нова влада

Од:

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска му го даде мандатот на новиот премиер, министерот за земјоделие и аграрна реформа Ријад Фарид Хиџаб да ја состави новата сириска влада.

Тој ги поздрави резултатите од изборите, доказ за полезноста од спроведуваните реформи од негова страна.

Хиџаб, од владеачката Баас партија, на фукцијата ќе го замени Адел Сафар, назначен во април минатата година.

Тој функцијата премиер ја вршеше непосредно по почетокот на бунтот против режимот на Асад.

Опозицијата ги бојкотираше изборите оддржани на 7 мај, бидејќи, според неа, тие беа режирани со цел да се засили контролата на Асад во државата.

Реалната власт во земјата е во рацете на претседателот и ограничен круг негови советници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија