Барозо задоволен од одлуката на Кипар за останување во ЕУ

Од:

Претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо денеска му се заблагодари на претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис што новата власт се одлучила за Евопската унија.

– Сакам да им се заблагодарам на Кипар и на претседателот Анастасиадис за силната европска лојалност. Кипар бил и останува цврсто поврзан со ЕУ. Сега ЕУ треба да се ангажира да биде на страната на Кипарците во исклучително тешкото време за нив, посочи Барозо.

Претходната левичарска влада на Кипар во јуни 2012 година побара помош од парнерите во еврозоната и од Меѓународниот монетарен фонд, откако увиде дека не може самостојно да изврши рекапитализација на своите водечки банки. Преговорите за антикризната програма продолжија девет месеци, а договорот беше склучен од новата десничарска Влада, со што Кипар доби 10 милијарди евра во замена за преструктурирање на банкарскиот сектор.

Пред тоа кипарските власти се обидоа да добијат кредит и од други држави, пред се од Русија и од Кина.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација