Баросо: На еврозоната не и се заканува распаѓање

Од:

Минатата година заврши со позитивен тон за ЕУ. Мислам дека е чесно да се каже дека исчезна перцепцијата за ризик во еврозоната, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во говорот на семинарот за португалски дипломати.

– Инвеститорите сфатија дека кога европските лидери ќе се обрзат да се напраи се за да се заштити интегритетот на еврото, тогаш тие тоа го мислат сериозно, истакна Баросо.

Претседателот на ЕК потврди дека состојбата во Европа и понатаму е „тешка“, имајќи ја предвид „големата невработеност во 2013 година“.

– Програмите за прилагодување во неколку земји имаат рецесивен ефект, иако создаваат услови за силен раст на среден и долг рок. Мораме да продолжиме со ребаланс на јавните финансии и со реформите, нагласи Баросо.

Бидејќи Португалија има проблем да го намали буџетскиот дефицит, Баросо истакна дека ЕУ, ММФ и ЕЦБ одлучиле да го намалат барањето и дефицитот на крајот од оваа година да биде пет отсто од БДП, а не 4,5 проценти колку што барале претходно, а во 2014 година да изнесува 4,5 отсто, наместо три проценти.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа