Банда мажи силуваа фоторепортерка во Индија

Од:

Пет мажи силуваа жена фоторепортерка која подготвувала репортажа за Мумбај, соопшти денеска локалната полиција.

Криминалното дело се случило синоќа во централен дел на Момбај каде 23-годишната жена правела приказна за стари згради во таа област за списание заедно со колега.

– Напаѓачите го претепале нејзиниот колега, го врзале и потоа ја силувале жената во пуст дел од Шакти Милс, изјави полицаец.

Жената е хоспитализирана. Идентификувала двајца од напаѓачите по лични имиња откако слушнала како меѓусебно си ги изговараат имињата.

Се уште нема осомничени ниту приведени. Најновиот случај на силување ја шокираше Индија и посебно Мумбај кој се смета за еден од најбезбедните градови за жени во Индија.

Во декември лани 23-годшина жена беше брутално нападната и силувана од пет мажи во автобус во движење низ Њу Делхи. Таа подоцна им подлегна на повредите. Во тек е судење на извршителите на злосторството заради кое имаше масовни протести.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати