Бан Ки-Мун со апел режимот во Сирија да не користи тешко оружје

Од:

 Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун апелира до режимот во Сирија да не користи тешко оружје.

„ Сите страни во конфликтот би требало да прекинат со каква било форма на насилство, и главна одговорност е на сириската Влада која треба да прекине со користење тешко оружје“ , изјави Бан на прес конференција по средба во Техеран со сирискиот премиер Ваел ал Халаки и министерот за надворешни работи Валид ал Моалем.

Тој повика и за прекин на испораките на оружје како за режимот така и за бунтовниците.

Најмалку 25 проектили испукани од Сирија паднаа денеска во село во Либан.

Еден припадник на либанските сили за безбедност е ранет, а нанесена е голема материјална штета.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад