Бан Ки Мун: Ако Сирија употребила хемиско оруже ќе сноси тешки последици

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ги предупреди сириските власти дека ќе сносат тешки последици ако употребиле хемиско оружје во близина на Дамаск, бидејќи тоа претставува злосторство против човештвото.

– Секоја употреба на хемиско оружје, какво и да е кој да го користи, и под какви било услови, го крши меѓународното право. Такво злосторство против човештвото треба да има тешки последиции за тој што го направил тоа, предупреди Бан за време на неговата посета на Сеул.

Генералниот секретар на ОН ја задолжи својата висока претставничка за разоружување Ангела Кејн веднаш да отиде за Дамаск.

Инаку, бројот на деца принудени да ја напуштат Сирија достигна милион, бројка што е половина од сите бегалци кои заминуваат во странство заради конфликтот. Други два милиона малолетни деца од Сирија често се напаѓани или врбувани за борци со што се прекршуваат меѓународни закони, изјавија Антониу Гутериш, шеф на УНХЦР и Ентони Лејк, директор на УНИЦЕФ.

Речиси два милиона сириски бегалци од Сирија се во Турција, Либан, Ирак, Јордан и Северна Африка според УНХЦР.

Според Лејк, во судирите во Сирија досега жртви се околу 7.000 деца од вкупно 100.000 жрттви.

– Милион деца бегалци не е само бројка. Сите треба да се засрамиме бидејќи додека работиме, за да ги намалиме страдањата на погодените од кризата, меѓународната заедница искажува немоќ со одговорноста за тие деца, изјави Лејк.

Би можело да ве интересира

ОН: Околу седум милиони смртни случаи поради загадување на воздухот

Ана Ололовска

Амбасадорот на Сирија ја понижи Анџелина Џоли пред цел свет

Емир Латифовиќ

Јеремиќ му подари на Бан Ки Мун икона

Емир Латифовиќ

Анџелина Џоли: Советот за безбедност на ОН не се бори доволно против силувањето

Емир Латифовиќ

Јеремиќ се сретна со Вестервеле во Берлин

Емир Латифовиќ

Советот за безбедност воведе нови санкции кон Северна Кореја

Емир Латифовиќ