Бајден го осуди антисемитизмот и свастиката во Стејт департментот

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го осуди антисемитизмот, откако официјални лица соопштија дека е пронајдена свастика врежана на ѕидот на еден лифт во Стејт департментот.

– Да бидам јасен: антисемитизмот нема место во Стејт департментот, ниту во мојата администрација, ниту каде било во светот. На сите нас е да не и дадеме на омразата безбедно прибежиште и да се спротивставиме на фанатизмот каде и да го најдеме, напиша Бајден на Твитер.

Портпаролката на Стејт департментот претходно изјави дека свастиката е откриена вчера понеделникот и оти државниот секретар Ентони Блинкен се справил со инцидентот заедно со вработените во тој оддел.

Би можело да ве интересира

Бајден направи грешка, не си издаде превентивно помилување, вели Трамп

Горан Наумовски

Трамп откри дека Бајден му оставил „инспиративна“ порака во Белата куќа

Пред да замине од Белата куќа, Бајден помилува пет членови на неговото семејство

Бајден и Трамп заедно одат кон Капитол каде новиот претседател на САД ќе положи заклетва

Бајден потврди дека му оставил писмо на Трамп

(ВИДЕО) Доналд и Меланија Трамп пристигнаа во Белата куќа