Баба Ванѓа го предвиде Брегзит

Од:

Слепата јасновидка Баба Ванѓа, која ги предвиде нападите во САД на 11 септември, катастрофалното цунами во Јапонија во 2014 година и појавата на групата Исламска држава, претскажа уште една апокалипаса – Брегзитот, објави британскиот весник „Метро“. 

Весникот наведува дека баба Ванѓа, која почина во 1996 година на 85-годишна возраст, предвидела дека до крајот на 2016 година, Европа „ќе престане да постои“. 

– Јасновитката е позната и како „балкански Нострадамус“, бидејќи досега се оставрија 85 проценти од нејзините предвидување, посочува „Метро“.

Весникот натаму наведува дека Баба Ванѓа предвидела оти „Муслиманите ќе започнат хемиска војна против Европјаните“, дека во 2043 година ќе биде создаден Исламски Калифат со седиште во Рим, како и дека од Европа ќе остане само пустош.

– Сепак има трошка надеж. Ванѓа иста така предвиде дека во 2010 година ќе започне Третата светска војна, а дека во 1994 година Бугарија ќе игра во финалето на Светското фудбалско првенство, заклучува весникот, потенцирајќи дека тоа се некои од неостварените пророштва на Баба Ванѓа.

Би можело да ве интересира

Баба Ванѓа за 2019 година предвидува економски колапс и напад врз еден светски лидер

Наум Локоски